Само фудбалерите на Ливерпул се сигурни учесници од групата „Б“ во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, додека Порто, Милан и Атлетико Мадрид ќе се борат денеска во последното шесто коло за место во осминафиналето. Порто е второпласиран со пет бодови, по четири имаат Милан и Атлетико Мадрид.
За играчите на Јирген Клоп мечот на „Сан Сиро“ нема никакво резултатско значење, но е важен за актуелниот лидер во Серија А. „Росонерите“ оваа сезона се вратија во ЛШ после осум години, забележаа една победа, реми и три порази. Неопходен им е триумф против „црвените“, со надеж дека Порто нема да успее да слави над Атлетико.
Од групата „А“ Манчестер сити и ПСЖ одат во следната фаза, а за третото место кое води во Лига Европа ќе се борат Лајпциг и Клуб Бриж кои имаат по четири бодови. Германците не смеат да си дозволат пораз дома против Сити, во таков случај за Белгијците ќе им биде доволен и бод против ПСЖ.
Во групата „Ц“ сè е познато, Ајакс е сигурно прв, Спортинг на втората позиција, Борусија Дортмунд како трета се сели во ЛЕ, а меѓународниот настап го завршува Бешикташ.
It’s a big night in Group B! 🍿
Who’ll join Liverpool in the Round of 16? 🤔#UCL
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) December 7, 2021
Скоро иста е и ситуацијата и во групата „Д“ со тоа што во директна пресметка за врвот на „Сантјаго Бернабеу“ ќе одлучуваат Реал и Интер. Шериф Тираспол на македонскиот репрезентативец Бобан Николов како третопласирани ќе играат во Лига Европа, а последен ќе остане Шахтјор.
Лига на шампиони
Сезона 2021/2022
6. последно коло, двојки –
Група „А“
18.45 часот Лајпциг – Манчестер сити
18.45 часот ПСЖ – Клуб Бриж
Табела: Манчестер сити 12 бодови, ПСЖ 8, Лајпциг 4, Клуб Бриж 4.
Група „Б“
21.00 часот Порто – Атлетико Мадрид
21.00 часот Милан – Ливерпул
Табела: Ливерпул 15 бодови, Порто 5, Милан 4, Атлетико Мадрид 4.
Група „Ц“
21.00 часот Ајакс – Спортинг
21.00 часот Борусија Дортмунд – Бешикташ
Табела: Ајакс 15 бодови, Спортинг 9, Борусија Дортмунд 6, Бешикташ 0.
Група „Д“
21.00 часот Шахтјор Доњецк – Шериф Тираспол
21.00 часот Реал Мадрид – Интер
Табела: Реал Мадрид 12 бодови, Интер 10, Шериф Тираспол 6, Шахтјор Доњецк 1.