Македонија со 11 медали на меѓународниот турнир во бразилска џиу џица во Белград

2 mins read

Нашите репрезентативци во изминатиот викенд на силниот меѓународен турнир во бразилска џиу џица во Белград, Србија во организација на ABU DHABI JJ се закитија со 11 медали во повеќе категории.

Тимот „Д Стронгест“ на ова натпреварување не се појави со најдобрите (следниот викенд на распоред е Аматерската ММА Лига во Црна Гора на која исто така тимот ќе настапиме со седум претставници), но со 10 натпреварувачи освои 11 медали.

Селекторот Ивица Алексовски е задоволен од постигнатото, иако напоменува дека овие момци и девојки во иднина ќе има што да покажат и освојат. Сепак за неколку ова беше прв настап на меѓународен турнир.

Со златни медали се закитија:

– Даниела Алексовска

– Томи Блажевски (борбата за заврши за 10 секунди со зафат – арм бар)

– Анџела Стамкова

Со сребрени медали се закитија:

– Ева Илиевска (категорија и во апсолутна)

– Марко Сотиров

– Марко Трајановски

– Ива Спиридоновска

Со бронзени медали се закитија:

– Ане Цветковска (апсолутна)

– Давид Георгиевски

– Вања Милевски

Учестуваа и тимови од Бразил, Шведска, Обединето Кралство, Арапските емирати, Хрватска, Србија, Босна, Црна Гора, Германија, Колумбија, Португалија, Франција, Авганистан, Австрија, Италија, Словенија, Грција, Полска…а боите на нашата држава ги бранеа 10 членови од „Д Стронгест“ под водство на Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица.

Во тимска конкуренција каде имаше повеќе од 30 тимови од целиот свет, членовите од „Д Стронгест“ (Кисела Вода) го освоија високото трето место, а во конкуренција на држави, Македонија беше исто така високо пласирана на третата позиција (имаше натпреварувачи од над 20 држави).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер поднесе оставка поради сомневање за корупција

Следно

Свеж со месеци: Како да го чувате ѓумбирот и да му го продолжите рокот на траење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian