Гутереш апелира: Сите луѓе да бидат поврзани на интернет до 2030 година

1 min read

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш апелираше сите луѓе да бидат поврзани на интернет до 2030 година.

– Пандемијата покажа дека интернетот може да го промени животот, истакна Гутереш во обраќањето пред учесниците на дигиталниот самит на ОН што се одржува во полскиот град Катовице.

Тој нагласи дека дигиталната технологија спасила животи, овозможувајќи им на милиони луѓе да работат, учат и безбедно да комуницираат.

Гутереш додаде дека пандемијата го прошири и дигиталниот јаз и ја покажа темната страна на технологијата, поради брзото ширење на дезинформации.

– Овие проблеми можеме да ги решиме само со зајакнување на соработката, изјави Гутереш.

Тој наведе дека зајакнувањето на соработката подразбира воспоставување јасни правила за заштита на човековите права и основни слободи, враќање на контролата врз податоците, сузбивање на дезинформации и поттикнување омраза, како и поврзување на сите луѓе на интернет до 2030 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Заедно во иста долна облека: Пит Дејвидсон и Машин Ган Кели ги покажаа своите Келвинс!

Следно

ВИДЕО | Реџепи: Обидот за рушење на Владата беше лоша авантура

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian