Фустан тежок 30тина килограми: Шестмина мажи биле потребни да го носат фустанот на Мараја Кери

2 mins read

Мараја Кери изгледаше неверојатно во златната тоалета што ја носеше за нејзиниот нов специјален божиќен настап за „Apple TV+“ – но, иако фустанот изгледаше одлично, според пејачката, тој не бил најудобен за износување.

Кери се појавува во „Mariah’s Christmas: The Magic Continues“, чија премиера беше овој викенд, во фустан на „Dolce&Gabbana“ до подот со длабоко деколте, шлиц до бутовите и опашка.

мараја кери
Фото: Profimedia

Зборувајќи за „Vogue“, Мараја рече дека фустанот тежел 30 килограми и биле потребни 250 часа да се навезе.

„Монистрата не е обична монистра. Самите камења беа гигантски, но сепак изгледаа убаво и блескаа. Беше прекрасно, но ме болеше како „мајка“ да го носам“, изјави таа.

мараја кери
Фото: Profimedia

Кери додала дека морало шест мажи да ја носат опашката само за да може да оди до сцената за нејзиниот настап.

„Сите беа како: „О, таа претерува“, додека не го задржаа тоа две секунди“, додаде Кери.

И не само што бил тежок – фустанот бил толку комплексен за износување, што дури и пеењето го направил предизвик.

„Кога нешто е супер тесно во средината, тешко е затоа што треба да земете здив и да пеете. Но, јас сум навикната на тоа“

мараја кери
Фото: Profimedia

За празничниот специјалитет, пејачката и нејзиниот стилист ДиАндре Тристан сакаа нејзиниот аутфит – кој го пресликуваше стариот холивудски гламур со златни мониста и долга опашка – да биде инспириран од винтиџ.

„Одееше со позадината на Њујорк и зградата Крајслер. Има бронзено, златно, бакарно чувство што е многу празнично, но не е премногу нападно. Живеам за сите традиционални божиќни бои – црвените, зелените, белите и сребрените – но ова беше поинакво“, опиша таа.

мараја кери
Фото: Profimedia

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Лазаров најдобар и на 41 година – селекторот се најде во тимот на колото во Франција!

Следно

„Помогнете да го најдеме татко ми“: Исчезна скопјанец, семејството трага по него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian