ФОТО: Лазаров најдобар и на 41 година – селекторот се најде во тимот на колото во Франција!

1 min read

Нант влезе во последниот месец од годината во врвна форма и по ремито во Данска во Лига Европа, им се врати на победите во француското првенство.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров одигра одличен натпревар во гостинската победа (26:34) на Нант против Ним.

Лазаров со девет гола беше прв стрелец на Нант, погодувајќи исклучиво од линијата од седум метри. Покрај Лазаров, одличен беше и голманот Нилсен, кој запиша 14 одбрани.

Благодарение на таквата партија нашиот десен бек се најде и во тимот на колото во најсилната француска лига (ЛНХ).

По дванаесет кола во францускиот шампионат, Нант има девет победи, едно реми и два порази. Нант со овие бодови се зацврсти на второто место, зад лидерот ПСЖ на табелата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата ја донесе Стратегијата за здравство 2021-2030

Следно

Фустан тежок 30тина килограми: Шестмина мажи биле потребни да го носат фустанот на Мараја Кери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian