ФОТО | Бизарно искуство: Не знаела дека е бремена, се породила еден час откако дознала!

2 mins read

Тиктокерката Хана Вајолет раскажа неодамна како татко ѝ ја пронашло едно утро во тоалетот како се грчи од болка. Кога ја однел во болница, им било кажано дека ѝ пукнал водењакот!

Хана Вајолет е самохрана мајка на ќеркичка. На ТикТок платформата редовно објавува информации околу изненадното породување, затоа што не ни знаела дека е бремена, до еден час пред самиот чин – пренесуваат од The Sun.

Таа редовно пиела контрацептивни пилули, и токму поради тоа бременоста ја изненадила. Се разбудила со силни болки во стомакот, а кога пристигнале во болница, јасно било дека не станува збор за некаков проблем со стомакот.

„Во болницата сакаа да ми извадат крв, но јас се превиткував од болки, и просто беше невозможно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by han 🦋✨ (@h.anviolet)

Накратко потоа, пукнал водењакот и почнале трудничките болки.

„Ги одведоа моите родители во друга просторија, да им објаснат што се случува – да им кажат дека ќе станат баба и дедо“.

По педесет минути од примањето во болница, Хана се породила со девојче, кое денес има три години. Девојката е самохрана мајка и ја отвора темата за изненадна бременост со своите фанови, а добива голема поддршка од ТикТок заедницата. Oвој феномен со недетектирана бременост  се нарекува уште и криптична, кога жената нема воопшто симптоми што укажуваат на можна бременост или промена на телото. Публиката го споделува и своето искуство со неа, еден од коментарите е:

„Дознав дека сум бремена во 27 недела од бременоста“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Запечатен софиски „Труд“, полицијата упадна во редакцијата и ја затвори

Следно

Поради утрешниот празник, ЈСП нема да вози по редовен возен ред

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian