Еурофарм Пелистер против Спортинг цели кон нови бодови во Лигата на Европа

1 min read

Денеска во салата „Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Е. Пелистер ќе го игра својот шести натпревар во Лигата на Европа во рамките од групата „Д“ против Спортинг.

Потсетување дека на првиот дуел во Португалија мечот помеѓу овие две екипи заврши нерешено (27:27).

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ посакуваат нов триумф и со чии бодови би направиле голем исчекор кон следната фаза пред одигрувањето на последните четири средби во 2022 година.

Составот на Е. Пелистер за денешниот дуел против Спортинг:

Мараш, Ојлески, Н. Маркоски, Бој. Маџовски, Мандалиниќ, Секели, Танкоски, Периќ, Костески, Кукоски, М. Велковски, Божиќ-Павлетиќ, Граџан, Обрадовиќ, Табоада, Кизиќ.

Воедно клубот ја најави фанзоната во која навивачите ќе ја загреат атмосферата во обидот играчите да направат нов голем резултат на меѓународната сцена.

Лига Европа
Сезона 2021/2022

6. коло, двојки –
Група „Д“

18.45 часот АЕК – Кадетен
18.45 часот Татабања – Ним
20.45 часот Е. Пелистер – Спортинг

Табела:

1. Ним 7 бодови
2. Спортинг 7
3. Е. Пелистер 6
4. АЕК 4
5. Кадетен 4
6. Татабања 2

Табоада верува во триумф на Еурофарм Пелистер над Спортинг

Бабиќ: Не очекува тешка и ментална борба против Спортинг 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Протуѓер: Груевски ми спомна дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно

Следно

Во сабота во Србија повторно нови еколошки протести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian