Двојното паркирање на тетовските улици главна причина за честиот сообраќаен метеж

2 mins read

Возилата кои се паркирани во двојни редови на тетовските улици и булевари се меѓу главните проблеми и причини за создавање на сообраќаен метеж во градот, а за што показатели се и бројот на интервенции на полицијата поради ваквото погрешно паркирање.

За отежнатото движење низ градот сведочат тетовци со видео снимки на социјалните мрежи, а еден таков пример е возење од центарот до станбениот Блок 82 за кои потребни биле 45 минути.

– За 11 месеци годинава биле изречени 2914 мерки кои се однесувале на овој вид сообраќаен прекршок, а било подигнато 1261 возило, најчесто од улиците во централното тетовско подрачје, каде секојдневно е и најголема фрекфренцијата на возила, посебно во периодот од 12 до 20 часот. Минатата 2020 година,пак, вкупниот број на изречени мерки за непрописно паркирање изнесувал 5328, додека 2219 возила биле подигнати и пренесени на наменски определената локација за оваа цел, појаснува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Само во текот на вчерашниот ден санкционирани и подигнати од „пајак-службата” биле вкупно 14 непрописно, односно погрешно паркирани возила, најмногу во таканаречени „двојни редови”.

– Со оглед дека претстојат серија празници овој и идниот месец и дека се очекува и доаѓање на времено вработените од странство, СВР Тетово апелира до возачите да внимаваат каде ги оставаат нивните возила, односно да не ги паркираат каде ќе стигнат и особено не на тротоари, во зона на крстосници и на други недозволени места.Зашто, без исклучок ќе се преземаат потребните мерки и на сите прекршители ќе им се изготвуваат законски предвидените поднесоци, со единствена цел да се обебеди непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, потенцира портпаролот на тетовската полиција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зголемување на нападите со злонамерен софтвер за 151 отсто во 2021 година

Следно

2МФЛ: Петковски за важен триумф на Вардар, Слога Виница ремизираше со Детонит јуниор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian