Борбени воздухоплови на НАТО во четврток ќе летаат над Скопје

1 min read

Во четврток (9-ти декември) на скопскиот аеродром и во воздушниот простор над главниот град ќе се организира активност со цел да се демонстрира начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.

За време на оваа активност граѓаните ќе можат да се запознаат и да сведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознае со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ким Џонг-Ун ќе создаде „апсолутно лојални” воени офицери

Следно

ВИДЕО: Веројатно најмалиот офсајд во историјата на фудбалот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian