Војна на зборови помеѓу Ферстапен и Хамилтон по контроверзната трка во Џеда

1 min read

Хаотичната трка за големата награда на Саудиска Арабија која заврши со победа на Луис Хамилтон, Макс Ферстапен заврши на второто место, доби продолжение. Стјуардите го казнија возачот на Ред Бул со 10 секунди поради инцидентот со Хамилтон.

Инцидентот се случи во 37 круг кога Ферстапен требаше да му ја препушти позицијата на Хамилтон, но наеднаш закочи и Британецот удри во возачот на Ред Бул и го оштети предното крило.

– Успорив бидејќи сакав да го пропуштам Хамилтон, бев на десната страна, но тој не сакаше да ме претекне  дојде до контакт. Не разбирам што се случи – изјави Ферстапен.

Од друга страна, Хамилтон порача дека Ферстапен смета дека правилата за него не вредат.
– Во животот сум се тркал со многу возачи и во овие 28 години наидов на многу различни карактери. Постојан неколку на врвот кои се… да, преку границата. Правилата некако не се применуваат или не се размислува за нив – изјави Хамилтон.
Британецот потоа беше запрашан дали Ферстапен е во таа категорија.

– Макс ја премина границата. Избегнав судир во неколку наврати со него и не ми смета тоа бидејќи живеете да се борите. Тоа и го направив  – рече Хамилтон за Скај Спортс.

Во пресрет на последната трка во Формула 1 шампионатот, кога ќе се вози за Големата награда на Абу Даби, Верстапен и Хамилтон имаат по 369.5 поени на лидерската позиција во генерален пласман.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бочварски не открива дали ќе остане министер во новата Влада

Следно

Српски професор објасни зошто кинеската вакцина е најдобра против сојот омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian