ВИДЕО | Д-р Бубало: Итната помош дневно има меѓу 80 и 120 повици, некогаш доцни поради сообраќајниот метеж низ Скопје

1 min read

Кога е нечиј живот во прашање брзата реакција е најважна. Силна сирена, сина ротациона светлина и обележано возило се знак дека лицата во бели мантили брзаат онаму каде што е потребна итност.

Бројот е 194 но, кога треба да се јавите на овој број и колку време е потребно тимот да стигне до вас зависи од повеќе фактори.

Итната медицинска помош секогаш е со полни раце работа, особено сега во услови на пандемија од корона вирус.

За сите предизвици со кои се соочуваат, безрезервно давајќи се себе си, за да спасат друг во Утрински брифинг разговаравме со координаторот на Брза Помош, Д-р Милица Бубало.

-Итната медицинска помош има таква организациска поставеност во диспечерскиот центар постојано има тим на доктор и сестра кои што одговараат на повиците на граѓаните и ги дистрибуираат до екипите кои што се на терен. Во моментов во Итната медицинска помош имаме осум тима во текот на дневната смена седум тима во текот на ноќната смена, рече д-р Бубало.

Докторката смета дека во моментов со овој медицински кадар може да се покријат потребите на граѓаните, но доколку би имале можност за нови вработувања секако би биле задоволни, рече таа.

-Во просек во текот на 24 часа има од 80 до 120 интервенции, граѓаните понекогаш бараат и совети, а ако имаат ургентна состојба, тие се приоритет за реакција на ИМП, вели Бубало.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Соборената лидерка на Мјанмар Су Чи осудена на четири години затвор

Следно

Илхан Ќучук организира „Софиски форум за Западен Балкан”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian