Табоада верува во триумф на Еурофарм Пелистер над Спортинг

1 min read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утревечер ќе се обидат да го надоместат тоа што го пропуштија минатата недела, да го совладаат Спортинг Лисабон во рамки на шестото коло од Лигата на Европа.

Еден од адутите на тренерот Жељко Бабиќ ќе биде и Реиние Табоада кој во ремито (27:27) во Лисабон беше најпрецизен кај Е. Пелистер со седум постигнати голови.

– По првиот натпревар, на кој не бевме склопени и беше почеток на сезоната, сега сме многу подобри и во одбрана и во напад. Делуваме како комплетна екипа. Спортинг е тактички добар тим, имаат одличен тренер и добри индивидуалци. Напорно и детално се подготвуваме за овој втор натпревар и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола. Кога пристигнав во Битола ми беше потребно време за адаптација на новата средина, тука е и бариерата со јазикот. Сега е полесно. По првите два месеци на прилагодување, сега сите детали се одлични. Соиграчите и тренерот ми помагаат, се чувствувам одлично и едвај ги чекам европските натпревари – вели Табоада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ескобар: Меѓувладина конференција за С. Македонија на крајот на декември или во јануари

Следно

Харадинај: Безбедноста на Балканот е најкревка во последните две децении

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian