СИГНАЛИТЕ КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИГНОРИРААТ: 5 симптоми кои обично му претходат на мозочниот удар

2 mins read

Мозочниот удар е прекин на функционирањето на одредени групи на мозочни клетки, што настанува поради недостаток на хранливи материи и кислород. Недостатокот на хранливи материи се јавува како последица на нарушувања на циркулацијата поради блокирање на крвните садови или поради нивно прскање и одлив на крв во мозочното ткиво или менингите.

Оваа состојба се јавува се почесто, а на неа се подложни сите групи, од помлади до постари лица. Сепак, најзагрозената група се дебелите луѓе, луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес или имаат слаба подвижност.

Најраните симптоми може да бидат различни, но обично се појавуваат овие 5. Доколку забележите барем 2 промени, задолжително контактирајте го вашиот лекар што е можно поскоро.

Важно е да се знае дека секоја секунда е важна при мозочен удар, колку побрзо пациентот оди на лекар, толку се поголеми шансите да закрепне. Одложувањето е најопасната работа, поради што е важно да бидете свесни за симптомите на кои треба да обрнете внимание.

1. Главоболка

Тешка главоболка која нема објаснувачка причина е првиот симптом што треба да го запомните. Ако наеднаш ви „пука“ во главата, консултирајте се со доктор!

2. Слабост

Мозочниот удар се јавува кога протокот на крв во мозокот е блокиран, а кога мозочните клетки немаат кислород, тие умираат и ги губат своите функции. Ова ќе предизвика ненадејна слабост или вкочанетост на дел од телото. Лице, раце, нозе, сето тоа се места каде може да се појави овој симптом.

3. Конфузија

Губење на краткотрајната меморија во секунда или ненадејна тешкотија во разбирањето на најобичните зборови и реченици се знак дека итно треба да одите на лекар.

4. Проблем со видот

Мозочниот удар, како и кај сетилото за допир, ќе влијае на видот. Ненадеен проблем со видот, особено на едното око, е предупредувачки знак.

5. Тешкотии со движење

Во зависност од тоа кој дел од мозокот е погоден од мозочниот удар, симптомите може да бидат губење на рамнотежа или способност за координација, отежнато одење, вртоглавица, чувство на „влошување“… Сето ова се знаци дека вашиот дел блиску до центарот на рамнотежа е загрозен.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Илон Маск ја продаде и последната своја куќа, сега е кираџија

Следно

Sarco, капсула за евтаназија, штотуку e одобрена за употреба во Швајцарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian