Sarco, капсула за евтаназија, штотуку e одобрена за употреба во Швајцарија

2 mins read

3Д печатената капсула наменета за асистирана евтаназија успешно го поминала правниот тест во Швајцарија и во таа земја би требало да биде во употреба веќе следната година, соопшти производителот на таа капсула.

Во Швајцарија евтаназијата е легална, а само во 2020 година на тоа се одлучиле 1.300 луѓе, покажуваат податоците на две швајцарски организации кои се занимаваат со неа.

Досега во Швајцарија се спроведуваше асистирана евтаназија така што пациентите кои се одлучуваат за оваа процедура пијат течен натриум пентобарбитал, кој предизвикува длабока кома пред смртта. Но, др. Филип Нитчке, креаторот на капсулата Sarco, предлага поинаков пристап, ветувајќи им на пациентите брза и мирна смрт без употреба на хемикалии.

Неговата капсула ја постигнува својата цел така што се полни со азот и на тој начин брзо ја намалува концентрацијата на кислород, така што лицето внатре умира од хипоксија (намалување на концентрацијата на кислород во крвта) и хипокапнија (намалување на концентрацијата на јаглерод диоксид во крвта) .

Корисникот на Sarco ќе почувствува мало губење на ориентацијата и мала еуфорија пред да ја изгуби свеста. Без паника, без чувство на гушење, објасни Нитчке во интервју за „Swissinfo“ минатата сабота. Тој додаде дека смртта настанува по 30 секунди користејќи ја таа метода.

Капсулата се активира одвнатре, односно пациентот може да притисне копче во капсулата кога е подготвен и без потреба од помош однадвор, изјави австралискиот лекар.

Капсулата е исто така подвижна и може да се премести на локација по избор на пациентот, без разлика дали е институција специјализирана за асистирана евтаназија или идилично место во природа.

Проверката на законитоста на таа капсула започна во 2020 година, но сега е завршена, а Нитчке е задоволен од резултатот од проверката, која не нашла никакви правни проблеми.

Третиот прототип на капсулата Sarco моментално се прави во Холандија и треба да биде подготвен за употреба во Швајцарија следната година, додава австралискиот лекар.

Нитчке, исто така, во промотивно видео од 2020 година сподели дека планира да ја направи технологијата бесплатна и дека плановите за изработка на капсулата ќе бидат достапни на интернет за да може идејата да се прошири низ целиот свет.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

СИГНАЛИТЕ КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИГНОРИРААТ: 5 симптоми кои обично му претходат на мозочниот удар

Следно

Ограбен скопјанец во Градскиот парк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian