Реал го продава Азар на попуст

1 min read

Управата на Реал Мадрид е подготвена во зимскиот преоден рок да се ослободи од едно од најскапите засилувања, Еден Азар.

„Кралевите“ се подготвени да го продадат Азар за далеку помала сума од таа која ја платија, само за да се ослобат од неговиот голем договор и да направат простор за Килијан Мбапе.

Реал Мадрид е подготвен да прифати понуда од 30 милиони евра за фудбалерот кого пред две години го плати 105 милиони евра, но со неговата продажба би заштедиле 20 милиони евра годишно колку што му изнесува платата на Белгиецот.

Според, англиските медиуми, три екипи се заинтересирани за ангажман на Азар, но меѓу нив не е неговиот поранешен клуб, Челси. „Сините“ сметаат дека Азар кој има 30 години и големи проблеми со повредите би го попречил развојот на младите фудбалери што е целта на менаџерот Томас Тухел.

Најзагреани за ангажман на Еден Азар се Њукасл кој може да му ги исполни финансиските барања, а другите два се Евертон и Вест Хем доколку Белгиецот се согласи на помала плата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Стоилковски: Државата тоне во криза – шизофрено однесување на македонската политичка сцена

Следно

Што прави денеска – Ѓоко Здравески, поет, писател и есеист

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian