Први случаи на сојот омикрон пријавени во Хрватска, Русија и Аргентина

1 min read

Во Русија, Хрватска, Аргентина и Непал денеска се потврдени првите случаи на сојот омикрон на коронавирусот, а за време на викендот во Индија регистрирани се 21 случај на зараза.

Во Русија сојот омикрон е потврден кај двајца патници кои се вратиле од Јужноафриканската Република, пренесува ТАС.

Сојот омикрон е официјално е потврден и во Хрватска, беше потврдено на прес-конференција во Хрватскиот завод за јавно здравје. Како што се наведува, потврдени се два случаи.

И во Аргентина е регистриран сојот омикрон кај лице кое допатувало од ЈАР на 30 ноември. Тој имал примено две дози вакцина против ковид-19.

Во Непал денеска се потврдени два случаи на зараза со сојот Омикрон. Двете лица биле во контакт со 66 луѓе, но засега никој од нив не е заразен

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фатен крадец на дело во центарот на Скопје

Следно

МАЛМЕД: Двајца лекари пријавиле сомнеж дека нивни пациенти починале по вакцинација против ковид – Случаите се истражуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian