Од денеска почнува проектот „Скопје 24 часа во служба на граѓаните“

1 min read

Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. Од Град Скопје информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.

– Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели, посочуваат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму додаваат дека Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги, како што велат, ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | По огромниот успех на филмот „Тома“, ќе се снима филм и за Џеј Рамадановски

Следно

Лавров ги обвини САД : Се обидовте да ја спречите Индија да го купи рускиот С-400

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian