Нутриционисти открија кој чај треба да го пиете доколку сакате рамен стомак

1 min read

Не постои напиток кој сам го топи салото на стомакот, но некои од нив можат многу да помогнат.

Нутриционистката Кортни Д’Анџело наведува дека чајот од нане помага при слабеење, а треба да го пијат луѓето кои сакаат рамен стомак.

За да имате рамен стомак треба да консумирате храна и пијалоци кои имаат малку калории и шеќер. Затоа чајот од нане е одличен избор.

„Чајот од нане не содржи многу калории и има сладок вкус, па може да го намали апетитот и може да ја задоволи вашата желба за слатки“, објаснува нутриционистката Ејми Гудсон.

Покрај тоа, овој вид чај содржи и многу други хранливи материи кои можат да помогнат во слабеењето.

„Покрај тоа, чајот од нане има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства, па помага и при дигестивни проблеми“, додава Гудсон.

Најдобар начин да се ослободите од салото од стомакот е редовно да вежбате, пишува Eat this.
Покрај тоа, можете редовно да пиете чај од нане за да го забрзате процесот.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Били Ајлиш денеска ќе објави видео што го режирала целосно сама (ВИДЕО)

Следно

Фатен крадец на дело во центарот на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian