Новата фирма на Трамп тврди дека заработила милијарда долари

2 mins read

Новата компанија за социјални мрежи на Доналд Трамп објави дека склучила договори за наплата на една милијарда долари од инвеститорите, пред планираното котирање на берзата. Trump Media & Technology Group“ работи на креирање на апликација за социјални медиуми наречена „Truth Social“, а таа би започнала со работа на почетокот на следната година, јавува Би-Би-Си.

Американскиот бизнисмен, кој отсекогаш бил активен на социјалните мрежи, има потреба за новата компанија, бидејќи сè уште му е забранет пристапот на Твитер и Фејсбук, по нападот на американскиот Капитол во јануари.

Како што кажа и самиот Трамп, а пишува британскиот сервис, „1 милијарда долари испраќа важна порака до „Big Tech“ дека мора да се стави крај на цензурата и политичката дискриминација“.

Тој додаде: „Како што се шири нашиот биланс на состојба, Групацијата ќе биде во посилна позиција да се бори против тиранијата на Биг Технологијата“. Бизнисменот и поранешен американски претседател ги најави плановите за лансирање на „Truth Social“ претходно оваа година, велејќи дека тоа ќе овозможи „разговор без дискриминација врз основа на политичка идеологија“.

Партнерството на групацијата со „Digital World Acquisition“ веќе привлече внимание. Минатиот месец, демократската сенаторка Елизабет Ворен побара од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) да го истражи планираното спојување поради потенцијално прекршување на законот за хартии од вредност.

КХВ одби да коментира дали планира некаква акција. Целосното воведување на новата апликација е планирано за првиот квартал од 2022 година, што е, како што се наведува, прва од трите фази на планот „Трамп медиа“. Ова е проследено со услуга за претплата за видео на барање наречена TMTG +.

Тоа ќе вклучува забава, вести, подкасти. Компанијата конечно планира да се натпреварува со гигантите како облак-услугата на Amazon „AWS“ и „Google Cloud“ на Google.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ретро видео: Како изгледал центарот на Скопје без ГТЦ

Следно

Бочварски не открива дали ќе остане министер во новата Влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian