Нехамер положи заклетва, Австрија доби нова Влада

1 min read

Претседателот на Австрија Александар ван дер Белен денеска ги именуваше новите членови на австриската Влада, на чие чело застанува Карл Нехамер.

Церемонијата на полагање заклетва се одржа во дворецот Хофбург во Виена.

Сменети се шест досегашни министри, а поранешниот министер за внатрешни работи Нехамер е новиот австриски канцелар на местото на Александар Шаленберг. Нов министер за внатрешни работи е Герхард Карнер, а поранешниот државен секретар Магнус Брунер сега е министер за финансии.

Ван дер Белен и Нехамер
Александар Ван дер Белен и Карл Нехамер/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Ректорот на Универзитетот во Штаерска, Мартин Полашек, го заменува министерот за образование Хајнц Фасман. Сојузниот лидер на Австриската младинска народна партија Клаудија Плаколм стана државен секретар во Сојузната канцеларија. Таа ги презема програмите за млади од министерката за семејство Сузане Рааб.

Ван дер Белен викендот го искористи за интензивни разговари со новите членови на владата. Прво го прими новоизбраниот канцелар Нехамер, а потоа имаше средби со ново-стариот министер за надворешни работи Шаленберг и новиот државен секретар Плаколм. Средбите со Карнер и Брунер беа во неделата, а утрово шефот на државата го прими и Полашек, објави информативниот портал „ое24″.

Претседателот Ван дер Белен во телевизискиот говор во петокот вечерта, ја предупреди владејачката партија, која ги има највисоките владини функции, да не се фокусира само на сферите на моќ и влијание, туку да посвети внимание на проблемите на народот во земјата и неговите високи и правични очекувања.

Карл Нехамер ќе биде нов австриски канцелар

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се запали „пежо“ во Скопје

Следно

Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува едностран договор со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian