Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека се обиделе да спречат договор на Индија за купување на руски ракетни комплекси С-400, но дека Индија докажала дека е суверена земја и самостојно ќе одлучи кога ќе купи оружје.

По средбата во Њу Делхи во формат „два плус два“, на која присуствуваа министрите за одбрана и надворешни работи на Индија и Русија, Лавров оцени дека договорот за купување на С-400 е од големо практично значење за обезбедување Одбранбените способности на Индија, пренесува РИА Новости.
Видовме обиди на Соединетите Држави да ја поткопаат оваа соработка и да ја принуди Индија да ги следи наредбите на Вашингтон и американското гледање на развојот на регионот“. „Но, нашите индиски пријатели цврсто и јасно кажаа дека тие се суверена земја и дека сами ќе одлучат чие оружје да купат и кои партнери да изберат“, рече Лавров.
Тој додаде дека односите меѓу Русија и Индија имаат карактер на привилегирано стратешко партнерство.