Кога здравјето на срцето е загрозено, телото ви ги испраќа овие 10 сигнали

2 mins read

Срцето е мускул кој работи 24 часа дневно, па поради тоа треба да се грижите за неговото здравје.

Кардиоваскуларните заболувања стануваат сè почести. Во ризична група спаѓаат и младите и старите луѓе, без исклучок. Баш поради тоа многу е важно да се грижите и редовно да одите на контроли.

Што е тоа срцева слабост и како се манифестира?ж

Слабоста на срцето подразбира дека срцето не е доволно моќно да пумпа крв низ организмот за да обезбеди доволно кислород до сите клетки во организмот.

На самиот почеток, срцето се обидува тој недостаток да го компензира на неколку начини и тоа така што срцето се зголемува и посилно се стега за да испумпа доволно крв и да ги исполни барањата на организмот. Исто така, се зголемува и бројот на отчукувањата на срцето, а крвните садови во организмот се стеснуваат.

Овие механизми делуваат одреден временски период и поради тоа слабоста на срцето знае да биде прикриена низ годините. Во оној момент кога тие механизми ќе почнат да се намалуваат, се појавуваат и првите симптоми.

На овие симптоми мора да обрнете внимание:

– брзо заморување при едноставна физичка активност
– препотување при одење
– губење на здив
– кашлање при лежење на грб
– оток на потколениците
– надуен стомак
– болки во градите
– забрзана работа на срцето
– бледило или појава на жолтеникава боја на лицето

Доколку забележите повеќе од два од наведените симптоми, би било добро да се јавите на кардиолог кој ќе ве упати на понатамошни испитувања.

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Немири во Загреб по дербито: Навивачи упаднале во студентски дом, уапсени неколку луѓе

Следно

Д-р Бубало: Брзата помош во просек, за едно деноноќие, има од 80 до 120 интервенции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian