Индија и Русија ја зајакнуваат соработката, потпишани бројни договори

1 min read

Индија и Русија потпишаа бројни договори, како за мало оружје и соработка во областа на одбраната, изјави индискиот министер за одбрана Рајнат Синг.

„Мило ми е што се потпишани бројни договори, договори и протоколи поврзани со малото оружје и воената соработка“, напиша Синг на Твитер.

Тој посочи дека Индија ја цени големата поддршка од Русија и дека Њу Делхи се надева дека соработката со Москва ќе донесе мир, напредок и стабилност за целиот регион. Синг денеска разговараше со рускиот министер за одбрана генерал Сергеј Шојгу во Њу Делхи.

Средбата се одржа пред самитот на Индија и Русија, кој е закажан за вечерва. Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди ќе се сретнат подоцна денеска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Бубало: Брзата помош во просек, за едно деноноќие, има од 80 до 120 интервенции

Следно

ВИДЕО | Ангелов: Нема викенд некој да не се изгуби во нашите планини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian