Илон Маск ја продаде и последната своја куќа, сега е кираџија

1 min read

Илон Маск, вториот најбогат човек на светот, го исполни ветувањето и ја продаде својата последна куќа и официјално повеќе нема дом.

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, го продаде во четвртокот својот имот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е 7,5 милиони долари помалку од првично бараната цена од 37,5 милиони долари.

Илон Маск, тежок повеќе од 151 милијарда долари, претходно изјави дека имотот од 47 хектари јужно од

Сан Франциско е неговиот последен преостанат дом.

Маск, кого шефот на „Амазон“, Џеф Безос, го прескокна на врвот на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот, во моментот живее во изнајмена куќа вредна 50.000 долари во Бока Чика, Тексас, во близина на својата фабрика за производство на ракети.

„Мојот примарен дом е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика, која ја изнајмувам од „Спејс Икс“. Сепак, тоа е некако одлично“, напишал Маск на Твитер.

Новиот сопственик на вилата Хилсборо во Калифорнија на „891 Кристал Спрингс роуд“не е јавно објавен.
Огромниот имот има седум спални соби, седум бањи, музичка соба, голема сала за бал и коктел соба со полици за библиотека на извлекување.

Илон Маск почнува со продажба на вилите! Не сака да има недвижен имот

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иконому: Над 500 000 граѓани побараа порано да ја примат третата доза

Следно

СИГНАЛИТЕ КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИГНОРИРААТ: 5 симптоми кои обично му претходат на мозочниот удар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian