Илхан Ќучук организира „Софиски форум за Западен Балкан”

1 min read

Европратеникот на бугарската партија „Обнова на Европа”, Илхан Ќучук, денеска во Софија го организира „Форумот за Западен Балкан”, во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, настанот ќе се одржи во софискиот  хотел „Балкан”, со строго почитување на антиепидемиските мерки.

Форумот ќе има работен наслов„ Време за враќање на довербата”и има за цел да ги отвори клучните теми за Западен Балкан и да внесе повеќе јасност за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ.

Според организаторот на настанот, Илхан Ќучук, новата бугарска Влада има можност да го рестартира конструктивниот дијалог, бидејќи интеграцијата на Западен Балкан ќе биде успех за регионот, за ЕУ, но и за Бугарија.

-Процесот на проширување е стратешка цел што ги обединува целиот регион и ЕУ, а поддршката за реформите во регионот мора да продолжи, бидејќи ЕУ и нејзините вредности остануваат најголемиот обединувачки фактор, изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.

На форумот ќе учествува и еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеи, експерти од областа, а се очекува да присуствува и главниот преговарач на македонската Влада со Бугарија, проф. Владо Бучковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Д-р Бубало: Итната помош дневно има меѓу 80 и 120 повици, некогаш доцни поради сообраќајниот метеж низ Скопје

Следно

Дневен хороскоп за 6 декември: Ќе успеете да се справите со сите дневни задачи и непријатности

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian