Легендарниот фудбалер на римската волчица“, Франческо Тоти по пауза од две години се појави на „Олимпико“ за да го гледа тимот во кој ја помина целата професионална кариера.
На крајот Тоти немаше многу причини за радост бидејќи Рома доживеа убедлив пораз од Интер од 0:3.
Тоти во периодот од 2018 до 2019 година беше спортски директор на Рома, во времето кога клубот беше во рацете на Џејмс Палота.
– Беше спецлијано чувство за мене бидејќи се вратив на овој стадион по две години. Ова е мојот дом. Им благодарам на навивачите за дочекот кој ми го приредија – изјави Тоти кој откри дека разговарал и со новиот сопственик.
– Разговарав со Фридкин, но моментно не сум блиску до враќање во клубот.