ФОТО | По огромниот успех на филмот „Тома“, ќе се снима филм и за Џеј Рамадановски

1 min read

Комисијата од Филмскиот центар на Србија, во својот предлог-поддршка за филмови во 2022 ја одобри идејата за да се снима филм за пејачот Џеј Рамадановски.

Откако филмот за Тома Здравковиќ, „Тома“, ги освои срцата на гледачите ширум Балканот, оваа идеја за уште еден живот филмуван на големото платно, делува дека ќе се оствари.

Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е без дополнителна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до битни факти од неговата биографија, третирајќи ги со симпатија неговите карактерни особини, но и суровата реалност со која се соочувал. Според членовите на комисијата, во успешните кинематографски остварувања, ваквите филмови треба да го третираат токму овој начин на портретирање на уметникот.

Рамадановски, кој потекнувал од ромско семејство од Македонија, почина лани на 57 години.

Почина легендарниот Џеј Рамадановски на 56-годишна возраст

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ ќе игра на АТП купот во Сиднеј, но останува мистеријата околу настапот во Мелбурн

Следно

Од денеска почнува проектот „Скопје 24 часа во служба на граѓаните“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian