ФОТО | Каде се и што прават денес ќерките на Гучи? Наследиле стотици милиони и побегнале од очите на јавноста

4 mins read

Во Македонија неодамна пристигна филмот „Куќата на Гучи“, кој зборува за трагичното минато на едно од најпознатите италијански семејства, Гучи. Во филмот, фокусот е на убиството на Маурицио Гучи и на неговата поранешна сопруга Патриција Реџани, додека ќерките Алесандра и Алегра не се баш застапени во филмот. Но, нивниот живот и тоа како е интересен.

Маурицио и Патриција се венчале во 1972 година и првата ќерка Алесандра ја добиле во 1977 година, а во меѓувреме, во 1981 година, Патриција ја родила втората ќерка Алегра.

Семејството Гучи/Фото/Профимедиа

Ќерките го прекинале контактот со Патриција

По убиството на нивниот татко, девојките го наследиле неговиот имот од 400 милиони долари. Тие ги прекинале сите контакти со мајката, која во 1998 година беше осудена за помагање и поттикнување на убиството на Маурицио Гучи, што и самата Патриција го потврди во интервјуто за „Гардијан“ во 2016 година. По првото апсење на нејзината мајка, Алесандра жестоко ја бранела, велејќи дека Патриција се бори со тумор на мозокот и дека „не е целосно своја“. Но, таа се предомислила и престанала да комуницира со мајка си.

Алесандра и Алегра ја тужеле својата мајка бидејќи не сакале таа да добие пари од наследството на нивниот татко, но судот пресудил во корист на Патриција. Таа на крајот добила 1,2 милиони долари по година како што и било договорено во бракоразводната парница. Додека таа била во затвор, таа сума пораснала на 20 милиони долари.

Како живеат сега?
Алесандра се труди да го држи својот живот подалеку од очите на јавноста, но некои работи сепак се знаат. Алесандра била модна дизајнерка, иако никогаш не работела за „Гучи“. Таа имала своја колекција на чанти, кои ги продавала под брендот „АГ“. Првата колекција ја лансирала во 2008 година. Некои дизајнерски парчиња ги нарекла по својот татко Маурицио и дедото Родолфо, но нејзината колекција била достапна само во одредени продавници за висока мода во Милано, Сент Мориц, Лугано, Париз и Москва. Но, со дизајн се занимавала многу кратко.

Покрај раскошниот имот, Алесандра и Алегра ги наследиле и јахтите на нивниот татко. Сестрите своите бродови ги пријавуваат за натпревари, па освоиле и некои регати, вклучувајќи ги и наградите Сен Тропе и Монако во 2013 година.

Ќерките на Гучи/Фото/Профимедиа

Тужени за даночно затајување
Двете сестри во моментов живеат во Швајцарија, во брак се и имаат деца. Поседуваат луксузни вили во Њујорк, Сент Мориц и Милано. Беа обвинети за затајување данок. Претходно беше објавено дека тие не платиле речиси 5,7 милиони данок од 2004 до 2010 година, но тужбата беше отфрлена во 2014 година поради наводен недостаток на докази.

Фото: Профимедиа

Семејството Гучи е незадоволно од прикажувањето во „Куќата на Гучи“. Наследниците на Алдо Гучи, претседателот на модната куќа „Гучи“ од 1953 до 1986 година, издадоа соопштение во кое велат дека се „малку збунети“ од неточното прикажување на нивното семејство во „Куќата на Гучи“ на Ридли Скот.

Продукцијата на филмот не се потрудила да се консултира со наследниците пред да ги опише Алдо Гучи, кој бил претседател на компанијата 30 години, и членовите на семејството Гучи како насилници, неуки и нечувствителни кон светот околу нив. „Ова е крајно болно од човечка гледна точка, тоа се навреди за наследството на кое денес е изграден брендот“, се истакнува во соопштението.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бабиќ: Не очекува тешка и ментална борба против Спортинг 

Следно

Се запали „пежо“ во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian