Во Србија над 40 починати и 1.200 заразени со коронавирус во изминатиот ден

1 min read

Во соседна Србија во изминатите 24 часа се регистрирани 1.244 нови случаи на Ковид-19, а починал уште 41 пациент, соопштија здравствените власти. 165 пациенти во земјата се приклучени на респиратори.

Во Србија со денови опаѓа бројката новозаразени, а се намалува и бројот на пациенти во болница. Но, она што загрижува е исчекувањето на новиор сој на вирусот, омикрон, кој се шири со голема брзина.

Како што тврдат лекарите, празниците кои се ближат исто така се ризик и се очекува пораст на бројотна нови случаи. Сепак, како што велат, варијантата омикрон не би требало да претставува поголем проблем, но треба наскоро да се очекува, особено ако се земе предвид големиот број српски граѓани кои од странство ќе си дојдат за празниците.

Епидемиолозите и понатаму ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат, затоа што тоа е начин епидемијата да се стави под контрола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Фред е херојот во дебито на Рангник со Манчестер јунајтед

Следно

Колку време е потребно за да првите резултати од козметичките производи бидат видливи?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian