Силен дожд утрово паѓа во Хрватска, а многу улици во центарот на Сплит се поплавени, пишува Индекс.хр.
„На места има магла, а можни се и одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема“, соопшти ХАК.
Поради водата на патот затворени се локалните патишта во месноста Вргорац.
Splićani se hrvaju s lošim vremenom #vijesti #split #kiša https://t.co/DXSfxpjMfh
— tportal (@tportal) December 5, 2021
Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска попладне и навечер се прогнозира снег.