ВИДЕО: Квадрадо постигна гол директно од корнер против Џенова

1 min read

Хакан Чалханоглу вчера за Интер реализираше директно од корнер во дуелот со Рома, а вечерва нешто слично направи и Хуан Квадрадо.

Фудбалерот на Јувентус Квадрадо го постигна еден од своите најубави голови во професионалната фудбалска кариера.

Во деветтата минута од средбата во Торино од корнер знаменцето го совлада голманот на Џенова, Салваторе Сиригу.

На тој начин Колумбиецот му донесе предност на Јуве, а неговата мајсторија можете да ја погледнете и на следниот линк ТУКА

За Квадрадо ова е трет гол сезонава во Серија А за „Старата дама“, претходно стрелаше против Фиорентина и Удинезе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Деспотовски: Со мојот „Концепт 28“ СДСМ ќе биде водечка политичка сила до 2028 година

Следно

ФОТО: Ковачевски заедно со Зечевиќ ја претстави својата програма пред членовите на СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian