ВИДЕО: Фред е херојот во дебито на Рангник со Манчестер јунајтед

1 min read

Манчестер јунајтед повторно се враќа на победничките патеки, денеска во 15. коло од Премиер лигата триумфираше на „Олд Трафорд“ стадионот над Кристал Палас со 1:0.

На клупата на „црвените ѓаволи“ дебитираше привремениот менаџер до крајот на оваа сезона Ралф Рангник.

Седмиот триумф на Јунајтед го обезбеди Фред во 77 минута после асистенцијата на Гринвуд.

На табелата Манчестер јунајтед е на шестата позиција со 24 бодови, а Кристал Палас кој го претрпе третиот пораз во низа е на 12 место со 16 бодови.

Лидс во самиот финиш од средбата на „Иланд роуд“ извлече бод против Брентфорд (2:2). По првиот дел водеа фудбалерите на Марсело Биелса со голот на Робертс, па направија пресврт гостите во вториот дел преку Баптист и Кањос.

Тотенхем на Антонио Конте продолжува со добрите резултати, пред своите навивачи во Лондон ја оправда фаворитската улога против Норич (3:0).

Лукас Моура, Санчез и Сон Хјунг-Мин беа стрелците на головите за домаќините кои се петтопласирани во генералниот пласман со 25 бодови.


www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само еден вид маска навистина штити од коронавирусот, покажа ново германско истражување

Следно

Во Србија над 40 починати и 1.200 заразени со коронавирус во изминатиот ден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian