Тројца скијачи загинале во лавина во Австрија

1 min read

Тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија, соопштија денеска локалните власти, пренесува Си-Би-Ес.

Жртвите биле дел од група од 11 скијачи, од кои осум биле погодени од лавина широка околу 200 метри додека се движеле по патека за време на скијачката тура вчера во областа Твенг, во провинцијата Салцбург.

Тројца скијачи биле затрупани од лавината, додека двајца биле делумно затрупани и успеале да се ослободат, соопшти регионалната полиција.

Спасувачите успеале да лоцираат двајца затрупани скијачи користејќи ги нивните уреди за пребарување, но едниот веќе бил мртов, а другиот подоцна починал во болница во Клагенфурт.

Третиот затрупан скијач не носел уред за пребарување и неговото тело било пронајдено околу четири часа по лавината.

Жртвите се Австријци, двајца на 19-годишна возраст, и еден на 24-годишна возраст. Двајцата повредени скијачи се пренесени во локалната болница

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ | Елена Ристеска: По 20 години кариера природно е да се жнее она што било посеано и вродило со плод

Следно

Алтернатива влегува во Влада со три министерства

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian