Си-Ен-Ен го отпушти Крис Куомо, братот на контроверзниот поранешен гувернер на Њујорк

2 mins read

Си-Ен-Ен во саботата соопшти дека го отпуштиле водителот Крис Куомо, по „дополнителни информации“ за неговите напори да му помогне на својот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куом, да одговори на наводите за сексуално недолично однесување, пишува Би-Би-Си.

Куомо, кој беше домаќин на најгледаната информативна програма на Cи-Ен-Ен, во вторникот беше суспендиран. Во мај, тој призна дека прекршил некои домашни правила со тоа што го советувал својот брат како да се справи со обвинувањата од перспектива на односи со јавноста.

Ендрју Куомо (63) беше принуден да се повлече од функцијата гувернер во август, по повеќе обвинувања за сексуално недолично однесување. Тој ја отфрли својата одговорност.

„Крис Куомо беше суспендиран претходно оваа недела како резултат на понатамошна евалуација на новите информации што излегоа на виделина за неговата вмешаност во одбраната на неговиот брат“, соопштија од медиумската куќа во саботата, без да наведат дополнителни детали за каква информација станува збор.

Тие додадоа дека се консултирале со угледна адвокатска канцеларија и го прекинале нивниот работен однос со Куомо.

Протекоа пораки

Куомо првично беше суспендиран откако њујоршкиот обвинител Летиција Џејмс покажа текст и други пораки во кои се обидел да ги искористи сопствените извори во медиумите за да дознае информации за случајот на неговиот брат и за жените вклучени во него.

Според Ројтерс, во новинарството се смета за кршење на етиката да се користи сопствената позиција за да се застапува лична цел или да се води истрага од лични причини.

„Ова не е начинот на кој сакав да заврши мојата кариера на Си-Ен-Ен, но веќе ви кажав зошто и како му помогнав на мојот брат“, напиша разочараниот 51-годишен Куомо на Твитер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ѕвездите на ПСЖ во 92. минута избегнаа пораз во Лига 1

Следно

Денес ги празнуваме Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian