Руските тенисери после 15 години го освоија Дејвис купот

1 min read

Селекцијата на Русија триумфираше во Дејвис куп натпреварувањето, по третпат во својата историја откако денеска во финалето ја совлада Хрватска.

Сите дилеми беа решени во сингл мечевите, на првиот дуел Андреј Рубљов со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 (5) го совлада Борна Гојо.

На втората средба вториот светски рекет Данил Медведев со 7:6 (7) и 6:2 беше подобар од Марин Чилиќ.

Претходно Русите славеа во Дејвис купот во 2002 и 2006 година, а Хрватите досега тоа им успеа двапати.

Русија доминира во репрезентативниот тенис – Медведев, Рубљов и останатите играчи на почетокот од годината доминираа на АТП купот во Австралија.

Воедно Русија е моментно освојувач на „Били Џин Кинг“ купот, елитното репрезентативно тениско натпреварување во женска конкуренција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ременски цели да ја сврти наопаку партиската пирамида: Врвот да биде долу, а членството на врвот

Следно

Внимание, млади мажи – коронавирусот влијае врз ерекцијата, предупредуваат хрватски лекари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian