Руски научник: Антителата од „делта“ видот можеби не штитат од „омикрон“, и обратно

1 min read

Антителата кои се развиваат по претходна инфекција со делта видот на коронавирусот можеби нема да обезбедат заштита од „омикрон“, и обратно, изјави денеска генералниот директор на рускиот ДНК центар за молекуларни генетски студии Андреј Исајев за ТАСС.

– Големиот број на мутации значи дека вирионот на овој сој е структурно различен од вирионот на другите соеви – тие имаат различен „спајк“ протеин. Затоа антителата кај луѓето кои имале претходни соеви не можат да го „поддржат“ видот омикрон. Ова значи дека не постои вкрстен имунитет помеѓу омикрон и другите соеви.

Затоа, антителата што се развиле по омикрон нема да го заштитат човекот од делтата, и тоа е точно во двете насоки. Значи, ковид е поделен на две „популации“: ковид-Д и ковид-О, како што точно напиша еден познат биолог – рече Исајев.

Виронот е стабилна инфективна вирусна честичка која се ослободува од клетка и е способна да инфицира други клетки од ист тип.

Тој исто така додаде дека поради големиот број мутации кај „омикрон“, тешко е да се предвиди како тие ќе се однесуваат во иднина.

– Овој феномен е сосема нов – додаде рускиот експерт.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Што да појадувате утрово? 3 предлози за здрав и брз појадок

Следно

Петте најчести типови на луѓе кои ќе ги „сретнете“ на социјалните мрежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian