Руски брод задржан во Полска, пијаните членови на екипажот за малку ќе го насукале

1 min read

Поморската канцеларија на полскиот град Гдањск денеска соопшти дека вчера бил задржан рускиот брод „Руслана“, откако тој се движел кон плажата на островот Собјешево, вон одредената навигациска рута и за малку ќе се насукал, јавуваат локалните медиуми.

Во последен момент била избегната несреќа, откако Крајбрежната стража реагирала и го одвела бродот на сигурно.

По проверката на бродот од страна на полскиот Државен инспектор на поморската канцеларија и граничарите, утврдено е дека повеќе членови на екипажот, меѓу кои и капетанот, биле пијани.

Бродот испловил од литванското пристаниште Клаипеда. Полските служби забележале дека тој наеднаш завртил кон брегот и се движел со голема брзина, напуштајќи ја утврдената рута. Членовите на екипажот не реагирале на предупредувањата од брегот.

Бродот бил запрен на само неколку стотици метри од плитката вода во која би се насукал, соопштија полските власти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Сергеј збунет: Лила или Елена Ристевска – која е модна катастрофа оваа недела

Следно

Ременски цели да ја сврти наопаку партиската пирамида: Врвот да биде долу, а членството на врвот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian