Путин обвинува: Полјаците ги прскаат мигрантите со пестициди

1 min read

Владимир Путин денеска го повика претседателот на Меѓународната федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Рока, да обрне внимание на однесувањето на Полска во ситуацијата со мигрантите на границата, каде, како што тврди рускиот претседател, Полјаците ставаат хербициди и пестициди во водата со кои ги прскаат мигрантите.

-Треба правилно и внимателно да следите што се случува на границата и што прават властите на соседната земја, во овој случај Република Полска – посочи тој, како што пренесува руската агенција РИА Новости.

Путин вели дека ваквата пракса „воопшто не се вклопува во принципите на хуман третман на мигрантите“.

-Па, не можете да ги поплавите луѓето, не само со вода, туку и да ставате хербициди и пестициди во водата, за да предизвикате изгореници и други сериозни повреди на мигрантите, вклучително и жени и мали деца. Колку луѓе веќе загинаа на границата. Таму се закопани.Тоа е катастрофа и треба да обрнете внимание на тоа – рече Путин за време на разговорот со Рока.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кога започнала традицијата на китење новогодишна елка?

Следно

Деспотовски: Со мојот „Концепт 28“ СДСМ ќе биде водечка политичка сила до 2028 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian