Пендаровски до волонтерите: Oстанете ангажирани и делувајте онаму каде што е најпотребно

1 min read

Во животот секогаш најмногу не инспирираат поединците кои прават нешто добро, а без никаков надомест. Доброволно, искрено, посветено и чесно, мотивирани единствено од желбата да се помогне некому во неволја, да се понуди утеха, да им се служи на другите луѓе и на заедницата на која припаѓаат, е пораката од претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод 5 декември – Светски ден на волонтерството.

Во видео-порака Пендаровски нагласи дека кога милиони луѓе секојдневно се во постојана трка по материјални богатства и моќ, не гледајќи ги тие кои страдаат, мисијата на волонтерите претставува ретка појава во светот.

Претседателот се заблагодари за напорите што волонтерите ги вложуваат и помагаат во придонес за општото добро.

-Дозволете ми, во името на сите наши граѓани да искажам огромна благодарност и почит за вашата пожртвуваност, вашата одговорност и посветеност, вели тој во видео-пораката.

Претседателот ги охрабри и натаму да останат ангажирани и да делуваат онаму каде што е најпотребно и преку личен пример да ја вратат вербата во хуманоста и солидарноста како предуслови за една среќна и просперитетна човечка заедница.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трамп за командантот на војската на САД: Тој е проклет идиот

Следно

Што да појадувате утрово? 3 предлози за здрав и брз појадок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian