Кузмановски го враќа Хановер на победничките патеки во Бундеслигата

1 min read

Денеска на домашен терен во 14 коло од ракометната германска лига екипата на Хановер-Бургдорф миниманл со 22:21 беше подобар од Либек.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжува со добрите игри сезонава. Потсетување дека нашиот играч во минатото коло запиша шест погодоци во гостинската победа над Лемго.

Сега во петтиот триумф (втор по ред) за неговата екипа беше втор стрелец со четири голови. Поефикасен од него беше само Данецот Јохан Хансен со седум голови.

На спротивната страна седум погодоци беа дело на Л. Хејни, а четири запиша Б. Петреикис.

На табелаѕа Хановер-Бургдорф е на 13 позиција со 10 бодови и во следното коло ќе игра против Магдебург кој не знае досега за пораз во првенството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Три министерства, три заменички места и уште 40 функции: што добива Алтернатива со влезот во власта

Следно

Емотивна исповед на принцот Вилијам: Токму оваа песна емотивно го враќа во спомените за неговата мајка принцезата Дијана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian