Криумчари на мигранти приведени кај наплатна рампа Смоквица

1 min read

Кај наплатна рампа Смоквица синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица” ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра”, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Р.Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени девет лица мигранти.

Како што соопштија денеска од МВР, од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани.

Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, додека лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија за понатамошна постапка, стои во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американски конгресмен и неговото семејство со оружје во рака пред божиќна елка, неколку дена по масакарот во Мичиген

Следно

Лазаров фантастичен во Франција, Македонецот прв стрелец во победата над Ним

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian