Инцидент над Црното Море: Руски патнички авион избегна судир со авион на НАТО

1 min read

Патнички авион на руската национална авиокомпанија Аерофлот денеска морал да ја промени висината за да не се судри о авион на НАТО.

Руски претставници изјавија дека инцидентот се случил над Црно Море, кога авионот на Аерофлот летал од Тел Авив кон Москва. Авионот, во кој имало 142-ца патници, морал да се спушти на 1.800 метри за да избегне судар. Тие тврдат дека екипажот на авионот ЦЛ-600 на НАТО не реагирал на предупредувањата.

Северноатлантската алијанса сѐ уште не го коментираше инцидентот.

Тензиите меѓу Русија и НАТО деновиве се зголемуваат, а Украина ја обвини Русија дека натрупува воени сили на границата и планира инвазија, додека Москва тврди дека Киев се однесува воинствено.

Иако Украина не е сојузник на НАТО, силите на Алијансата често дејствуваат во нејзина полза, за да ја заштитат од она што го нарекуваат „руско провокативно однесување“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

35 милиони за еден ден работа: Џорџ Клуни раскажа како ја одбил неверојатната понуда

Следно

Меѓународни експерти нема да поништуваат пресуди, туку ќе направат свои извештаи, вели Заев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian