ФОТО+ВИДЕО: Ракип освои титула со Малме – инвазија на навивачите на теренот во Шведска!

1 min read

Фудбалерите на Малме, за кој игра македонскиот репрезентативец Ердал Ракип, ја освоија титулата во последното коло од шведското првенство.

Во 30 рунда од шампионатот играчите на Малме одиграа без голови (0:0) против екипата на Халмштад и го обезбедија врвот благодарение на подобрата гол-разлика.

Второпласираниот АИК триумфираше над Сириус со 4:2 и сезоната ја заврши со ист број бодови (59), како и Малме, но и послаба гол-разлика. Малме имаше 58:30, а АИК 48:25.

За Малме ова е 22 титула, што е шведски рекорд и како шампион ќе игра во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. АИК и третопласираниот Дјургарденс ќе играат во второто коло од квалификациите за УЕФА Конференциската лига.

Сезонава нашиот играч Ракип во својата трета година за Малме во првенството запиша 25 настапи и два голови во победите против Оребро и Калмар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алтернатива влегува во Влада со три министерства

Следно

Владата на Србија во четврток ќе расправа за измени на Законот за експропријација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian