Драма во Формула 1, Хамилтон и Ферстапен на последната трка во ОАЕ ќе решаваат за титулата

1 min read

Денеска возачот на „Мерцедес“ и воедно актуелен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда, претпоследна оваа сезона.

Тоа беше вкупно 103 триумф во кариерата на Британецот кој во една интересна трка заврши пред главниот конкурент за титулата, членот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен (кој беше побавен за околу 10 секунди, со пет секунди казна поради инцидент во текот на трката) со кој воедно се израмни во генералниот пласман, со по 369,5 поени.

Последната трка годинава која ќе решава за тоа кој ќе биде шампион ќе се одржи за седум дена на 12 декември за ГН Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

На победничкиот подиум се најде и вториот возач на „Мерцедес“, Валтери Ботас кој на самиот крај од трката го престигна Естебан Окон („Алпин“).

Даниел Рикардо заврши на петтата позиција („Мекларен“), а во најбрзите 10 се најдоа уште Пјер Гасли („Алфа Таури“), Шарл Леклер („Ферари“), Карлос Саинц („Ферари“), Антонио Џовинаци („Алфа Ромео“) и Ландо Норис („Мекларен“).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајдени се двете изгубени лица во битолско, информира Центарот за управување со кризи

Следно

Кога започнала традицијата на китење новогодишна елка?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian