Денеска девет голови и шест црвени картони во Првата фудбалска лига

2 mins read

Денеска се одиграа преостанатите натпревари од 16 коло во Првата македонска фудбалска лига, лидерот Шкупи ја продолжи победничката серија откако триумфираше на гостувањето кај Скопје (1:3).

По првиот дел беше нерешено (1:1), Алварез се погрижи за водство на тимот од Чаир во седмата минута, а Чешмеџиев си постигна автогол пред паузата.

Сенгхор во 55 минута ја врати предноста на гостите, а проблемите кај домаќините уште повеќе се зголемија откако двајца играчи им беа исклучени за период од осум минути, два жолти картони на Јола Зепата и директен црвен картон за Најдоски. Конечниот епилог го постави Алварез со својот втор гол во 95 минута од пенал.

Немаше голови на дуелот Академија Пандев – Брегалница, но и на оваа средба имаше два црвени картони, во првиот дел кај „пандевци“ поради два жолти картони теренот предвремено го напушти Бихорац, а пред крајот на првото полувреме истото мораше да го направи и Додев.

Бодовите ги поделија Борец и Македонија ЃП кои ремизираа 1:1, во 35 минута велешани стрелаа за водство преку Ѓорѓевиќ, додека Камара не дозволи на ѓорчепетровци во 67 минута. Гостинскиот состав од 75 минута играа со еден фудбалер помалку поради двата жолти картони на Адеми.

Струга Трим Лум играше реми со Тиквеш (0:0), додека Шкендија славеше со пресврт против Пелистер. Позитива за битолчани донесе Јуфо во 43 минута, а на стартот од вториот дел израмни Гури.

Од 76 минута Пелистер беше со играч помалку откако Бошковски двапати доби жолт картон и тоа им помогна на домаќините да стигнат до победа во 86 минута благодарение на дефанзивецот Кривак.

1МФЛ, 16. коло, резултати –

Сабота –
Работнички – Ренова 0:0

Недела –
Академија Пандев – Брегалница Шти 0:0
Борец – Македонија ЃП 1:1
Скопје – Шкупи 1:3
Шкендиа – Пелистер 2:1
Струга Трим Лум – Тиквеш 0:0

Табела:

1. Шкупи 38 бодови
2. Академија Пандев 32
3. Шкендија 30
4. Ренова 26
5. Брегалница Штип 26
6. Струга Трим Лум 23
7. Македонија ЃП 21
8. Работнички 19
9. Скопје 17
10.Тиквеш 14
11.Борец 9
12.Пелистер 5

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови детали за автобуската несреќа: Дете излегло од автобусот, но изгорело во обид да ги спаси роднините

Следно

35 милиони за еден ден работа: Џорџ Клуни раскажа како ја одбил неверојатната понуда

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian