Алтернатива влегува во Влада со три министерства

3 mins read

Чест ми е официјално да соопштам дека со Алтернатива постигнавме договор за стабилно парламен мнозинство и стабилна влада. Мнозинството е гаранција за предизвиците пред кои сме исправени со консултации и искрен пристап се здруживме околу заедничката определба за функционирање на институциите со полн капацитет. Постигнатиот договор е гаранција дека имаме мнозинство за почеток на преговори за членство во ЕУ, изнаоѓање на решенија со Бугарија, ковид пандемија и енергетска криза. На Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати за граѓаните, а не избори, порача премиерот Зоран Заев при потпишувањето на договорот за влез на Алтернатива во Владата.

Тој испрати пораки до ЕУ и до граѓаните.

-Порака до ЕУ и пријателска Бугарија ее дека во Северна Македонија има стабилна Влада и зголемено мнозинств. Поготвени сме да го надминеме проблемот. Почеток на преговорите ни треба веднаш оти ги имаме исполнето условите имаме мнозинство. На граѓаните им порачувам дека има стабилна Влада која ќе ги држи енергетскиот и здравствениот систем стабилни – рече Заев.

Тој потенцира дека е потребна стабилна Влада а не избори. Да се стави крај на опструкциите во Собранието. Според Заев, заедничка констатација е дека на С Макеонија не и се потребни предвремени парламентарни избори, избори ќе ги закочат европските интеграции. Тој потенцира дека е постигнат договор за Влада и мнзоинство до крајот на 2024 година со амбиција да продоплжи.

– Алтернатива ќе преземе одговорности во здравство, информатичко општество и министер без ресор задолжен за дијаспората. Ќе воведеме неколку министри без ресор заменици министри ќе има во образование, култура,, а за трет ресор останува да прецизираме дали ќе биде во ресорот земјоделство. Директорски функции во МЕПСО, во Фондот за пензиско, агенцијата за странски инвестивии … – рече Заев.

Гаши порача дека конечно по земјата излегува од политичка криза и дека 64 пратеници ќе бидат дел од парламентарното мнозинство со цел да се излезе од здравствената и економската криза.

-Алтернатива беше исправена пред предизвици да остане таму каде што е или да се исправи пред историска одлука за евроинтеграциите. За нас примарно беше да бидеме во функција на интересот на регионалната стабилност, на државата и на интересот на Албанците. Ние денес придонесуваме и го поддржуваме излезот на државата од политичката, економска криза и излез од пандемијата. – рече Гаши.

Тој ги кажа деветте програмски определби кои ќе станат дел од владината програма.

-Нашиот главен предизвивик е да добиеме датум за преговорите. Владата ќе ги мобилизира сите државни капацитети за отвирање на преговори со ЕУ. Владата ќе достави службено барање до Европската комисија за независни експерти за сомнителни судски процеси. Нов закон за рамномерен регионален развој и развој на Липковски регион. Политики за промоција за права и интерес на сите заедници во земјава и интересите на семејствата. Ќе се анализираат законите за борба против криминалот и корупцијата, законот за извршување да биде во интересна граѓаните.како и процес на изградба на национална стратегија за развој на образованието – рече Гаши.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тројца скијачи загинале во лавина во Австрија

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Ракип освои титула со Малме – инвазија на навивачите на теренот во Шведска!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian