ВИДЕО: Прв пораз за Чави во Ла Лига

1 min read

Фудбалерите на Бетис ја совладаа Барселона на „Камп Ноу“ со 0:1 во рамки на 16 коло од Ла Лига. Победата на Бетис му ја донесе Хуанми во 79 минута.

Ова воедно е прв пораз на Чави Ернандез во Ла Лига откако седна на клупата на Барселона. Чави на претходните три натпревари забележа две победи и едно реми.

Со победата Бетис се искачи на третото место на табелата со 30 бода, додека Барселона е седма со 23 бода.
Претходно Севиља со голот на Лукас Окампос во 16 минута со 1:0 го совлада Виљареал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕВН: Во Грчец жителите нелегално трошат струја за копање биткоини

Следно

Рецензија: „Hellbound“ е брутален приказ на човековата верба и лицемерие

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian