ВИДЕО | Готвиме со Маја: Месна тава, супа со компир и шунка, и топло-ладна компир салата

3 mins read

Нашата позната готвачка Маја за денеска ни подготви три рецепти кои можете да ги искомбинирате во вкусен оброк – месна тава, супа од компир и шунка, и топло-ладна компир салата.

Погледнете ја Маја како ги подготвува овие вкусни рецепти, обидете се да ги подготвите, и уживајте!

 

Месна тава

3 свински шницли

3 телешки шницли

1 кутија Перутнина Птуј мисиркини медалјони

2 копани Перутнина Птуј

100 гр сланина

 

  1. Сите парчиња месо убаво зачинете ги со сол и бибер
  2. Потоа кратко испржете ги ви тава на масло, колку да фатат кора од двете страни.

 

СОС

2 главици кромид

3 ливчиња ловор

4 чешниња лук

1 црвен кромид

1 чаша бело вино

1 чаша павлака за готвење

2 гранчиња рузмарин

1/2 лажичка Вегета Маестро рузмарин

Вегета Класик

 

  1. Во истата тава испржете кромид исечен на крупно и згмечен лук, додадете ловоров лист и зачинете со сол и бибер и Вегета и рузмарин.
  2. Кромидот прелијте го со бело вино.
  3. Префрлете го кромидот во тава за печење и одозгора ставете го месото
  4. Прелијте го месото со слатка павлака
  5. Тавата покријте ја со алуминиумска хартија за печење ставете го месото во загреана рерна на 180 степени и печете околу 2 часа.

 

Супа од компир и шунка

3-4 листови Перутнина Птуј мисиркина шунка

2 млади кромитчиња

2 компири

1 морков

1 Подравка супа од 5 житарки

1/2 китка магдонос

1 лажица Фант за запечени макарони со шунка

 

  1. Младото кромитче исечете го на кругчиња и ставете го во масло да се пржи.
  2. Додадете ја мисиркината шунка исечена на ситни коцкички
  3. Компирите сварете ги, исечете ги на малку коцки и додадете ги во тавата
  4. Морковите исечете ги на тенли ленти и додадете ги во тавата
  5. Прелијте со врела вода, додадете ја готовата супа, Фант за запечени макарони и една коцка супа.
  6. Поклопете и варете на тивко половина час
  7. На крајот додадете магдонос
готвиме со маја
Фото: Промо

Топло-ладна компир салата

1 жолт кромид

2 компири

1 домат

Рукола

3-4 листови свеж босилек

Сол и бибер

 

СОС

2 лажици јогурт

1 лажица балсамико оцет

Маслиново масло

Допир Вегета Маестро босилек

Сол и бибер

Допир Вегета Маестро лук

 

  1. Во тава на масло испржете кромид исечен на тркалца
  2. Додадете го варениот компир исечен на крупни парчиња
  3. Во сад каде ќе ја сервирате салатата исечете домат на крупно и префрлете ги пржениот кромид со компир и додадете рукола и свеж босилек
  4. Состојките за сосот ставете ги во тегличе и убаво измешајте ги.
  5. Прелијте ја салатата со сосот и зачинете со сол и бибер по вкус.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првиот Хрват со вграден чип: „Луѓето мислат дека се чипирав за да не добијам корона“

Следно

Ѓумбирот е здрав, но некои луѓе треба да го избегнуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian