ВИДЕО: Германското „класико“ му припадна на Баерн

1 min read

Екипата на Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд по пресврт со 3:2 и фантастичното германско „класико“ кое се играше во рамки на 14 коло од Бундеслигата.

Во неверојатниот наптревар на „Сигнал Идуна Парк“ кој траеше 100 минути, беа постигнати пет гола, а имаше и пресврти, прво водеа „милионерите“ па баварците, па имаше израмнување и на крајот натпреварот да го реши најдобриот стрелец во лигата, Роберт Левандовски.

Баерн Со победата и избега на Борусија и сега има 34 бода, четири повеќе од „милионерите“.
Најава дека дербито ќе биде спектакуларно беа првите девет минути во кои паднаа два гола. Борусија поведе со голот на Јулијан Брандт во петтата минута, за четири минути подоцна Левандовски да донесе израмнување.

Во самиот финиш од првиот дел, Кингсли Коман погоди за водство на Баерн од 1:2, резултат со кој се замина на одмор.

Веднаш на самиот старт од вториот дел, во 48 минута Ерлинг Халанд го носи нови израмнување. Одлучувачкиот момент кој му ја донесе победата на Баерн се случи во 77 минута кога по корнерот на баварците, Матс Хумелс играше со рака, по што судијата по прегледување на ВАР снимката покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Левандовски за конечни 2:3

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Ирска предложено чистиот воздух да биде со закон загарантирано работничко право

Следно

СОМНЕЖ ЗА АТЕНТАТ: На собир на Ердоган подметната бомба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian