УЕФА парично казни осум тима поради прекршување на финансискиот фер-плеј, следен чекор е исфрлање од Европа

1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично казни осум тима поради прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП) и најави можност за нивно исфрлање од европските натпреварувања за наредната сезона.

„Најзвучни“ имиња меѓу казнетите се португалските гиганти, Спортинг Лисабон и Порто. Актуелниот португалски шампион Спортинг е казнет со 250.000 евра, додека казната за Порто изнесува 300.000 евра.
Покрај нив, казнети се уште и Бетис, Астана, ЦСКА Софија, Клуж, Монс Калпе од Гибралтар и Сан Клара.
Сите казнети екипи имаат рок до 31 јанури 2022 година да ги платат долговите бидејќи во спротивно се соочуваат со забрана за учество во европските купови.

– Екипите се условно исклучени од следното натпреварување кое го организира УЕФА и за кое ќе обезбедат пласман, освен доколку до 31 јануари 2022 година не докажат дека ги исплатиле долговите – стои во соопштението на УЕФА.

Пред казна беа и АЕК Атина и Бешикташ, но грчкиот тим приложи гаранција дека ќе ги уплати парите во износ од 1,5 милиони евра, додека комисијата заклучи дека турскиот тим ги исполнил условите кои пред нив биле поставени, и нема да им бидат одземени 15% од наградите за учество на Лигата на шампионите оваа сезона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СТАРЕЊЕТО Е СЕКСИ, УБАВИНАТА СТАНУВА ПОДОБРА: Важна порака од позната манекенка! (ВИДЕО/ФОТО)

Следно

Блокади на патиштата поради протести во повеќе од 50 градови во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian